Утрински Весник
Економија

Царинска управа: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август – рекорден раст од 8,9 проценти годинава

20250901130435 big 730x400 11.webp.webp

За 14,5 милиони евра е зголемена наплатата на приходи во август во споредба со истиот месец минатата година, што претставува рекорден раст на приходите од 8,9 проценти остварени на месечно ниво годинава.

Притоа, најголем раст од 19,5 проценти е остварен во наплатата на акциза, при што по овој основ во август се собрани приходи од 3,78 милијарди денари.


Наплатата на приходи од царина пак, бележи пораст од 7,9 проценти, додека  приходите од данокот на моторни возила бележат раст од 7,3 проценти.

„Претходниот месец наплатата на приходите беше зголемена за 10,5 милиони евра, овој месец за 14,5 милиони евра. Ова е новиот систем на вредности во Царинската управа. Систем што генерира повисоки приходи во Буџетот на државата, систем што овозможува повеќе пари за болници, училишта, патишта. Одржлив систем што го разобличува криминалот и ја издигнува економијата на државата”, вели директорот Бобан Николовски.

Кумулативно од почетокот на годината Царинската управа наплати приходи од 86 милијарди денари или 1,4 милијарди евра, што е за 65,5 милиони евра повеќе од лани истиот период.

Можете да прочитате

Лукаревска: Секој ден ново задолжување, ВМРО-ДПМНЕ повторно ги задолжува граѓаните

Битиќи: Со ново задолжување ДПМНЕ ја потврди негрижата за граѓаните

Левица: Наместо отчет пред лозарите – Мицкоски во увид на најскапиот тендер во Кавадарци