Утрински Весник
Македонија

Царинска управа со грант средства од ЕУ имплементира проекти вредни 14 милиони евра

Carina.webp.webp

Царинската управа во моментов со грант средства од ЕУ имплементира клучни реформски проекти  вредни 14 милиони евра, чија цел е забрзана интеграција во единствениот пазар на Унијата и зголемување на конкурентноста на македонската економија.


Суштински чекор е воведувањето на единствен идентификациски EORI број за компаниите и за физичките лица, со кој се воспоставува унифициран систем за идентификација на економските оператори и физичките лица во царинските постапки. Системот овозможува поефикасно управување со царинските процеси и подобра идентификација во случај на потенцијални закани. По успешно спроведениот пилот-проект, следува тест фаза, по што ќе започне и официјална примена на системот, со што државата целосно се усогласува со европските царински стандарди во овој домен.

Паралелно, отпочнуваме со реализација на проектот за Автоматизација на царински терминали со кој ја издигнуваме Царинската управа на ниво на модерна европска царинска служба, овозможувајќи целосна модернизација на процесите. Во моментов во тек е евалуација на понудите од распишаниот меѓународен јавен повик за набавка на опрема чија имплементација значително ќе го забрза транспортот, особено на најфреквентните гранични царински терминали.

Дополнително, во рамки на ИПА програмата „ЕУ против организиран криминал и поддршка на трговијата”, со грант средства од два милиони евра ги зајакнуваме капацитетите на Секторот за контрола и истраги со нови специјализирани возила, опрема, како и нов ИТ систем за поефикасно менаџирање на кривичните предмети.

Воедно, со силна поддршка на ЕУ, во воментов се работи на возобновување на граничниот премин Маркова нога со Грција, воспоставување нов граничен премин Клепало и реконструкција и модернизација на граничниот премин Делчево со Бугарија.

Во рамки на реформите за побрза интеграција во Европската унија и Планот за раст, Царинската управа активно работи на надградба на транзитниот систем преку воведување на фаза 6 од Новиот компјутеризиран транзитен систем, за кој се обезбедени средства од државниот буџет. Со неговата имплементација дополнително ќе се забрза протокот на движење на стоките, овозможувајќи сите безбедносни податоци да се проверат уште пред стоката да пристигне на граница, со што значително се скратуваат процедурите на самите премини.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја стави СДСМ во служба на туѓи политички агенди

Филипче: Мицкоски ретерира затоа што министри, пратеници, градоначалници од ВМРО имаат бугарски пасоши

Јавен обвинител нареди обдукција за почнатиот работник во Кисела Вода