Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Царинска управа: Поднесена кривична пријава против две лица за криумчарење мобилни телефони „Ајфон”, случајот откриен на Ново Село

Image 2025 10 09 120724272.png
300x250 opst2

Поднесена кривична пријава до две лица за сторено кривично дело „криумчарење” мобилни телефони „Ајфон” во вредност од 355 илјади денари.

Делото е откриено на влез на граничен премин Ново Село, кога при извршен детален преглед на возилото со кое патувале осомничените, во багажниот простор се откриени вкупно пет нови „iPhone 16″, од кои три „iPhone 16 Pro Max”, како и еден употребуван „iPhone 16 Pro Max”.


Случајот е предаден во Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, од каде се преземени предистражни дејствија. Во постапката е утврдено дека првоосомничениот, по договор со второосомничениот, во негово име ги презел мобилните телефони кои претходно биле порачани преку интернет од лице во Бугарија, за кои биле платени пет илјади евра во криптовалута.

По преземањето, телефоните биле скриени во багажниот простор со цел да се избегне царинската контрола и плаќање давачки кон државата во износ од 64 илјади денари.

Телефоните се запленети, а против сторителите е поднесена кривична пријава до Основно Јавно Обвинителство Струмица.

Можете да прочитате

Реализирано првото гаѓање со новата артилериска опрема ,,Боран” на АП Криволак

Петрушевски: Филипче трча на избори за да го спроведе планот и шемата на Заев со Бугарија, а не за граѓаните

Таравари: Потребен е нов историски договор меѓу Албанците и Македонците