Утрински Весник
Македонија

Цариници запленија 6.850 евра на патник на ГП Табановце

Tabanovce.jpg

Спречен обид за нелегално изнесување на девизи на граничен премин Табановце во износ од 6.850 евра, откако македонски државјанин истите не ги пријавил, соопштија од царинската управа.

Девизите се одземени, а против лицето е поднесена и пријава за девизен прекршок. Лицето, инаку сопатник во товарно моторно возило и возачот на камионот на прашање на царинските службеници дали имаат нешто за пријавување одговорија дека немаат ништо. Поради сомневање возилото е селектирано на контрола, при што во левиот преден џеб на сопатникот се пронајдени 8.850 евра за кои лицето не поседувал документ за потекло на парите. Согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени две илјади евра, а останатите се одземени, истакнаа од Царина.

Ова е втор случај во два дена на заплена на девизи. Апелираме до граѓаните да ги пријавуваат девизите при влез и излез од државата, додаваат од таму.

Можете да прочитате

Огнот беснее на повеќе локации: Осум активни пожари во земјата до 18 часот

Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Сè уште наизменично движење на автомобили во двата правца кај „Блаце“ и забрана за камиони