Утрински Весник
Македонија

Царина: Запленети 12 килограми екстази вредни 200.000 евра

Царина: Запленети 12 килограми екстази вредни 200.000 евра

Инспектори од мобилните тимови на Царинската управа запленија 26 илјади таблети екстази со вкупна тежина од околу 12 килограми, 84 грама кокаин и 31 грам марихуана, со проценета вредност од 200 илјади евра, кои требало да бидат дистрибуирани во земјава.

dobivaj vesti na viber

Направени се и дополнителни претреси на неколку локации и до Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава против три лица.

Имено, наркотичната дрога е пронајдена на ден 25.11.2022 во раните утрински часови на влез на граничниот премин Табановце, по извршена царинска контрола со мобилен скенер на патничко возило со странски регистарски таблички управувано од македонски државјанин, информираат од Царинската управа,

Истиот ден по издадени наредби за претрес на дом и други простории од страна на инспекторите од Секторот за контрола и истраги од Царинската управа, во соработка со полициски службеници од СВР Скопје и МВР-ОКП-единици за недозволена трговија со дрога, извршени се претреси на неколку адреси во Скопје и Тетово. Притоа се пронајдени дополнителни докази и се приведени уште две лица.

Царинската управа – Секторот за контрола и истраги денеска до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 3 лица за сторено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, прихотропни суптанци и прекурсори“ и за истите е предложена мерка притвор од 30 дена.

Можете да прочитате

Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

Спасовски: Со ребалансот власта ја признава економската катастрофа – 0 проекти, 0 резултати

СДСМ: Мицкоски го избриша македонскиот јазик од Европскиот парламент и треба да сноси одговорност