Утрински Весник
Македонија

Царина спречи шверц на 11 златни монети вредни 9.000 евра на преминот Богородица

Image 238603.jpg

Од Царинската управа денеска информираа дека на граничниот премин Богородица спречено било криумчарење на 11 златни монети со вкупна тежина од 71 грам и со вкупна вредност од 567 илјади денари. Од страна на Одделението за истраги, против едно лице до Основното јавно обвинителство Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.

„Осомничената, македонска државјанка, патувала со автобус на релација Истанбул – Тетово. Златните монети ги сокрила во жолта торбичка ставена во својата чанта, со намера да избегне царинска контрола и да избегне плаќање давачки кон државата во износ од 149 илјади денари. Благодарение на вниманието и професионализмот на царинските службеници, обидот за криумчарење бил навреме откриен и спречен, по што случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги. По преземање предистражни дејствија поднесена е кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, се вели во објавата на Царинската управа.


Од таму порачаа дека царинската управа останува посветена на строг надзор и контрола на граничните премини, со цел спречување на криумчарење и заштита на финансиските интереси на државата.

Можете да прочитате

Фатен на дело дилер на дрога – ја продавал на три лица во Охрид

Патничко возило со американски ознаки излетало од патот кај Кичево – едно лице тешко повредено

СДСМ: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?