Утрински Весник
Македонија

Бурни реакции откако деца од Битола беа носени во Бугарија на средби со политичари, а МВР го извести Обвинителството

Бурни реакции откако деца од Битола беа носени во Бугарија на средби со политичари, а МВР го извести Обвинителството

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека полицијата доставила известување до Јавното Обвинителство за „Мал битолски Монмартр“, односно за носењето деца на средби кај кај бугарски политичари, меѓу кои претседателот Румен Радев и царот Симеон Втори.

dobivaj vesti na viber

Известувањето е по допрен глас, а против раководството на „Мал битолски Монмартр“. Станува збор за културна установа која носеше деца во посета во Бугарија и на средби со бугарските политичари.

За случајот реагираше и Детската амбасада „Меѓаши“

Тимот на Првата детска амбасада за ваквата состојба со децата од „Монмартр“ јавно го повикува ОЈО да постапува наведувајќи каде е прекршено правото на детето.

„За жал, наместо децата да се третираат сериозно, тука се користат како инструмент за политички цели, со изговор за развивање добрососедски односи. Го повикуваме Основното јавно обвинителство (ОЈО) да преземе соодветни мерки особено поради инволвирање на децата од Македонија во политички кампањи во друга земја и неколкукратно прекршување на правата на децата согласно Конвенцијата за правата на детето и Член 12 став 4 од Законот за заштита на деца: ‘Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување’“, порачуваат од „Меѓаши“.

Реагираа и поранешните бугарски функционери

Поранешната шефица на бугарската дипломатија и актуелна пратеничка, Екатерина Захариева вели дека е достигнато ново најниско ниво:

„Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ѝ нареди на полицијата да започне предистражна постапка против наставник затоа што носеше деца да сликаат во Бугарија – пред Народниот театар и во Пловдив, а потоа ги посети бугарскиот парламент и претседателството“, објави Захариева на социјалните мрежи.

Слично, се побуни и поранешниот министер за одбрана, Красимир Каракачанов.

„Македонското МВР покрена постапка против раководството на Малиот битолски Монмартрцза тоа што културната установа однела деца во Бугарија и се сретнале со бугарски политичари, дури и со претседателот. Наместо да ја поздрави културната размена, блиските врски и заедничките иницијативи, македонското МВР се жали во медиумите дека децата учесници на културната манифестација се сликале со бугарски политичари“ вели Каракачанов.

И лани истото ликовно студио, во рамки на проектот ,,Од двете страни на границата” однесе деца од Битола на средби со царот Симеон Втори, по што положија венец на гробот на Цар Борис Трети во име на Фондацијата Бугарска меморија.

Зад оваа посета на деца во Бугарија беше контроверзниот бугарски бизнисмен Милен Врабевски, кој стоеше и зад отворањето на клубовите ,,Иван Михајлов“ во Битола и Цар Борис Трети во Охрид.

Како што тогаш објави бугарска БТА, фондацијата Бугарска меморија, на чие чело е Врабевски започнува со кампања. Во рамки на кампањата, фондацијата ќе го претставела својот модел за подобрување на односите помеѓу Македонија и Бугарија, односно бизнисменот ќе го финансирал петдневниот престој во Бугарија на ученици од битолското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј”.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор