Утрински Весник
Балкан

Бугарскиот суд го одби барањето на Либан за екстрадиција на Гречушкин

Bugarija 1.jpg

Суд во Бугарија денеска го одби барањето на Либан за екстрадиција на Игор Гречушкин, сопственикот на бродот поврзан со товарот амониум нитрат што доведе до разорната експлозија во Бејрут во 2020 година. Гречушкин, кој има руско и кипарско државјанство, беше уапсен во Софија во септември по црвена потерница на Интерпол. Либан го бара поради експлозијата во која загинаа најмалку 218 лица и беа повредени над 6.000.

– Судот го одби барањето на Либан за екстрадиција на Игор Гречушкин, пресудувајќи дека либанските власти не обезбедиле соодветни гаранции дека тој ќе биде заштитен од смртна казна, или дека таква казна нема да биде извршена, изјави неговата адвокатка Екатерина Димитрова.

Надзорниот обвинител Ангел Канев објасни дека клучно прашање се гаранциите од „надлежен орган“.

– Кога такви гаранции ќе даде либанскиот министер за правда, со дополнителни потврди од Врховниот суд и главниот обвинител, верувам дека тогаш ќе бидат исполнети условите за екстрадиција, рече тој.

Тој додаде дека Гречушкин останува во притвор и дека обвинителството ќе поднесе жалба за одлуката за неекстрадирање.

Можете да прочитате

Во изминатите 11 години половина милион граѓани на Србија се иселиле во ЕУ и темпото на заминувања се забрзува

Казната за возење без билет во јавниот превоз во Солун и Атина се зголемува на 100 евра

Јанша: Резултатот од гласањето по пошта е некредибилен, ќе користиме правни средства