Утрински Весник
Балкан

Бугарскиот претседател Румен Радев поднесува оставкa

Radev.jpg

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, објави дека поднесува оставка и додаде дека сегашната потпретседателка Илијана Јотова ќе ја преземе функцијата шеф на државата.

„Утре ќе поднесам оставка од функцијата претседател на Република Бугарија“, рече Радев на вонреден брифинг.

Радев истакна дека бугарската демократија нема да преживее ако е оставена на, како што рече, „корумпирани структури и екстремисти“, нагласувајќи дека довербата на граѓаните го обврзува да ги штити институциите.

Тој потсети дека за првпат бил избран за претседател пред девет години, а дека довербата била обновена во 2021 година, оценувајќи дека се обидел да ја оправда оваа чест и одговорност во сите свои постапки.

„Пред девет години, гласавте за мене да ѝ служам на Бугарија како претседател. Заедно доживеавме низа кризи, напади на олигархија и големи протести во 2020 и 2025 година. Денес ви се обраќам за последен пат како претседател на Бугарија. Ги признавам моите грешки“ – рече Радев.

Можете да прочитате

Камионџиите најавуваат нови протести – 24info.mk

Османи го распушти косовскиот парламент и најави вонредни избори

Грчки системи „Патриот“ и авиони Ф-16 ќе ја штитат Бугарија по иранските ракетни напади во регионот