Утрински Весник
Македонија

Бугарска фондација тврди дека четири куршуми влегле во канцеларијата на клубот во Охрид

Претседателот на бугарскиот клуб: Го избравме името по последниот бугарски цар, тој е важен за нас
Dik 300x250 mk

Четири куршуми завршиле во просториите на бугарскиот клуб со контроверзно име „Цар Борис III“ во Охрид.

dobivaj vesti na viber

Ова се непотврдени информации кои ги споделија од бугарската фондација „Македонија“. Тие бараат итно апсење на сторителот, а во спротивно, сметаат дека Бугарија треба да прекине со снабдување на Македонија со струја и гас.

„Стрелецот против бугарскиот клуб во Охрид пукал додека светеле светлата во просторијата, односно бил јасно свесен дека може да убие луѓе. 4 куршуми влегле во собата!!! Скопје итно да го уапси напаѓачот или последиците да бидат банкрот на македонската економија, бидејќи ќе ги прекинеме струјата и гасот за Северна Македонија!“, стои во објавата на фондацијата споделена на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Засега од МВР не ги коментираат овие информации. Нема потврда дали навистина имало истрели од огнено оружје, дали е намерно пукано, како и дали е откриен сторителот.

МНР уште синоќа го осуди инцидентот, а бугарското МНР ја повика на разговор македонската амбасадорка. Оттука соопштија дека за случајот го известиле и Брисел.

Можете да прочитате

Бил Декан, завршил во затвор во Идризово, од Управата велат „Не е за тука, ама не знаеме што да правиме без него“

Филипче: Градоначалниците од СДСМ реализираа 90 до 100 проценти од ветеното

Филипче: Граѓаните на Конче најдобро ја знаат разликата меѓу работата на Благој Илиев и ВМРО-ДПМНЕ