Утрински Весник
Балкан

Бугарија заплени хероин вреден 9 милиони евра сокриен во душеци за спиење

Heroin1.jpg

Хероинот бил сокриен во душеци за спиење со кои бил натоварен камионот.

Официјалните лица ја процениле количината на дрога на 8,5 милиони евра.

Камионот е запленет на контролниот пункт Капитан Андреево на турската граница, изјави регионалниот обвинител на Хасково, Иван Стојанов.

Да си честитаме за овој навистина голем успех“, рече бугарскиот министер за внатрешни работи Калин Стојанов.

Се смета дека дрогата потекнува од Иран и била наменета за дистрибуција во некои од 27-те земји на Европската унија, рече тој.

Турскиот камионџија беше приведен и може да се соочи со затворска казна до 20 години доколку биде осуден за шверц на дрога.

Бугарија, која се наоѓа на рутата на дрога од Блискиот Исток до Западна Европа, презеде огромни чекори во последните години за да го спречи шверцот со наркотични средства

Можете да прочитате

Се огласи жената која ја претепа Слобода Миќаловиќ: Почна да ја споменува мајка ми

Бојко Борисов: Ја повлекувам кандидатурата за премиер на Бугарија

Во Албанија во полициска акција приведени високи полициски функционери, судии и новинари