Утрински Весник
Македонија

Бугарија се однесува кон Македонија како Русија кон Украина, посочи Ковачевски од Рејкјавик

Бугарија се однесува кон Македонија како Русија кон Украина, посочи Ковачевски од Рејкјавик
300x250 opst2

Бугарија се однесува кон Македонија исто како Русија кон Украина.  Ова го изјави премиерот Димитар Ковачевски на четвртиот Самит на Советот на Европа во Рејкјавик и додаде дека обвинувањата од Бугарија за непочитување на човековите права во Македонија се неосновани.

dobivaj vesti na viber

„Дискурсот кој се користи од Бугарија кон Северна Македонија, за жал, е многу сличен на дискурсот кој Руската федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели, особено во овој клучен период за иднината на Европа. Северна Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде се почитуваат сите права, а и сите извештаи го потврдуваат тоа. Обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права и стандардите на Советот во областа на човековите права“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека Македонија и Албанија се движат напред и не смее да се дозволи влијание од надвор, посебно не е од Русија во срцето на Балканот.

 

Можете да прочитате

Млада скопјанка нападнала вработена во Итната Помош

Постапки против дилери на марихуана во Велес и Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети не е орел, туку врапче