Утрински Весник
Македонија

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во следните 10 години

Img 9423.jpeg

Бугарските власти му изрекоа десетгодишна забрана за влез во Бугарија на македонскиот адвокат Тони Менкиноски. Информацијата ја соопшти самиот Менкиноски, кој најави прес-конференција на која ќе ги објасни деталите за одлуката и околностите под кои била донесена.

Според него, станува збор за сериозен и преседански чекор кој директно се одразува врз неговата професионална работа како адвокат.


„Ова е директен напад врз мојата адвокатска дејност и обид за мое замолчување, како правен застапник на Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур“, наведува Менкиноски во поканата испратена до медиумите.

Тој најавува дека на прес-конференцијата ќе ги презентира можните причини за одлуката, како и правните импликации што, според него, произлегуваат од ваквиот потег на бугарските власти.

Менкиноски посочува дека забраната отвора сериозни прашања за почитувањето на правото на слободно движење, но и за можноста адвокатите непречено да ја вршат својата професија во земји каде што има предмети поврзани со човекови права.

Според него, јавноста треба да биде информирана за, како што вели, „притисоците со кои се соочуваат бранителите на човековите права и можните последици од ваквите одлуки врз меѓународната правна практика“.

Повеќе детали се очекуваат по најавеното обраќање пред медиумите.

Можете да прочитате

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити

Водата во Струга безбедна за пиење, по еден месец тргната забраната