Утрински Весник
Свет

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Screenshot 2024 04 15 124415.png

Советот на ЕУ денеска одлучи проверките на копнените шенгенски граници на Бугарија и Романија да бидат укинати од 1 јануари следната година. Ова го соопшти унгарското претседателство со Советот на ЕУ.

Претходно оваа година, проверките на воздушните и поморските шенгенски граници на двете земји беа укинати со одлука донесена за време на шпанското претседателство со Советот на ЕУ на 30 декември лани.


„Ова е голема победа за Бугарија, Романија и цела Европа“, објави унгарското претседателство.

Можете да прочитате

Убиен командант на военото крило на Хамас

Путин оди во дводневна посета на Кина

САД се закануваат со воена интервенција поради блокадата на Ормускиот теснец