Утрински Весник
Балкан

Бугар падна на хрватската граница со 12.000 парфеми вредни 1,4 милиони евра

Whatsapp image 2025 08 27 at 13.48.00.jpeg

Царинските службеници викендов спречиле обид за шверц на 12.189 парчиња разни парфеми во вредност од речиси 1,4 милиони евра во Хрватска од страна на бугарски државјанин на граничниот премин Бајаково, соопшти Царинската управа во понеделник.

Против бугарскиот државјанин е издаден прекршочен налог.


„Станува збор за стока за која се сомнева дека ги крши правата од интелектуална сопственост. Проценетата пазарна вредност на запленетата стока е околу 1.366.000 евра. Царинската управа апелира до сите граѓани, превозници и возачи да ги почитуваат царинските прописи и навремено да ја пријават целата стока од комерцијална природа“, соопшти Царинската управа.

Можете да прочитате

Речиси две третини од понудувачите и 85 проценти од граѓаните во Србија веруваат дека има корупција во јавните набавки

Во невремето во Хрватска оштетени 40 основни и средни училишта, како и 24 градинки

На атинскиот аеродром запленети 43 килограми шверцувани хавански пури во вредност од 440.000 евра