Утрински Весник
Македонија

Буџетот за 2025: Повеќе инвестиции за земјоделството и рурален развој

Zemjodelie.jpg

Владата планира значителни инвестиции во земјоделството за 2025 година, со фокус на хидросистеми, рурален развој и субвенции. Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски најави нови мерки и политики за поддршка на земјоделците, истакнувајќи дека оваа гранка ќе биде приоритет се вели во анализата на пари.мк.

Буџетот за земјоделство, шумарство и риболов изнесува 9,7 милијарди денари (157,8 милиони евра), од кои 8 милијарди денари (130 милиони евра) се наменети за директна поддршка на земјоделците. Дополнителни 20,2 милиони евра ќе бидат алоцирани за рурален развој.


Капиталните инвестиции опфаќаат проекти како што се хидросистемите Злетовица, Лисиче и Јужната долина на Вардар, кои ќе помогнат во подобрување на наводнувањето и справување со климатските промени. За Злетовица се предвидени 195.000 евра во 2025 година, додека за Лисиче ќе се издвојат 329.000 евра.

Субвенциите за земјоделците остануваат важен дел од буџетот, со цел зголемување на производството и продуктивноста. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството ќе располага со 133 милиони евра, дел од кои ќе се користат за директни плаќања и рурален развој.

Зголемениот буџет за Министерството за земјоделство на 30 милиони евра покажува дека Владата е посветена на зајакнување на земјоделскиот сектор и подобрување на животот во руралните средини.

Целата анализа на следниот ЛИНК

Можете да прочитате

Ученик од Миравци дискриминиран поради фризура

Апел за помош: Виктор Васиљевиќ починал во Шпанија, а семејството нема доволно средства за да го донесе дома

Брајовото писмо останува недостапно за учениците во Македонија, над 1.000 лица немаат пристап до него