
Блокадата на социјалните мрежи ја пробија студентите од Нови Сад, објавувајќи вознемирувачко видео на кое јасно се гледа брутална полициска сила применета врз граѓани. Снимката, која брзо се прошири онлајн, прикажува припадник на жандармеријата како ја удира девојка по главата и ја влече за коса, пред очиглед на студентите и случајните минувачи.
Како што се гледа на видеото, девојката се приближува до припадникот на полицијата, по што следува силен удар и физичко влечење. Сведоците – студенти и граѓани – веднаш реагирале, викајќи му да престане и обидувајќи се да ја оддалечат девојката од инцидентот. Но наместо да се повлече, полицаецот продолжил со агресивно однесување, напаѓајќи друго лице кое се вмешало во обид да ја заштити.
Тензијата во Нови Сад ескалирала откако полицијата почнала да го зголемува своето присуство околу собраните граѓани. Ескалацијата настапила во моментот кога демонстрантите се обиделе да спречат полициска интервенција насочена кон автобусот на Миломир Јаќимовиќ, кој со денови штрајкува со глад во близина на Бановина.
Граѓаните и студентите оценуваат дека снимката е доказ за прекумерна и недозволена употреба на сила, барајќи итна реакција од институциите и санкции за одговорните.
Демонстрациите продолжуваат, а јавноста со внимание го следи развојот на настаните во Нови Сад.
ЛИНК до видео


