Утрински Весник
Спорт

Брозовиќ во финишот погоди за победа на Интер

Брозовиќ во финишот погоди за победа на Интер

Интер ја прекина низата од два последовни порази и успеа да оствари минимална победа над Торино. Тимот на Симоне Инзаги славеше со 1:0, со голот на Марсело Брозовиќ постигнат во 89.минута од мечот. Тој одлично реагираше на нафрлувањето на Николо Барела и погоди на вистинското место.

dobivaj vesti na viber

„Нероаѕурите“ го загубија миланското дерби, потоа загубија дома и од Баерн Минхен во ЛШ, а ќе беше премногу за Инзаги ако не победат и во трет меч во серија. За негова среќа, хрватскиот интернационалец Брозовиќ на крајот ја погоди мрежата на ривалот.

По оваа победа, Интер се наоѓа на третата позиција со 12 бода, два помалку од лидерот Наполи.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина