Марцело Брозовиќ ќе го напушти Интер по завршувањето на сезоната. Интерес за хрватскиот репрезентативец наводно покажале Манчестер јунајтед, Челси, ПСЖ, Барселона и Реал, но како што сега стојат работите тој ќе остане во Серија А.
Брозовиќ од недоприлив во стартниот состав на Интер, оваа сезона стана некој кој добива шанса од клупата за резерви. На неговата позиција во голема форма игра Хакан Чалханоглу.
Хрватот не е задоволен од статусот што го има и нема да се противи на трансфер. Интер сака да го продаде, бидејќи е еден од играчите со најголема плата во тимот. Брозовиќ годишно заработува шест и пол милиони евра.
Според италијанските медиуми, сериозен интерес за Брозовиќ покажал Јувентус. Наводно, челниците на „старата дама“ му понудиле две годишен договор и плата каква што има во Интер.