Утрински Весник
Свет

Бројот на жртвите од земјотресот во Турција и Сирија надмина 19.000

Бројот на жртвите од земјотресот во Турција и Сирија надмина 19.000

Бројот на загинати во разорниот земјотрес во Турција и Сирија надмина 19.000, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека бројот на загинати во земјата се искачи на 16.170.

dobivaj vesti na viber

Ердоган рече дека во катастрофата се повредени уште 63.794 лица, а уништени се 6.440 згради.

Тој денеска при посетата на Газиантеп, една од покраините погодени од земјотресите на југот на земјата, рече дека од денеска ќе стапи во сила вонредната состојба во десет провинции погодени од земјотресот, пренесува Си-Ен-Ен.

Бројот на загинати во разорниот земјотрес што во понеделникот ги погоди Турција и Сирија сега е најмалку 17.176, според властите.

Во Сирија, вкупниот број на загинати е најмалку 3.162, вклучувајќи 1.900 во областите под контрола на бунтовниците на северозапад.

Околу 1.262 смртни случаи се регистрирани во делови на земјата под контрола на владата, објавија сириските државни медиуми, пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Путин го сака цел Донбас во замена за мир

Русија прогласи дипломатски успех по разговорите во Алјаска

Хилари Клинтон: Трамп заслужува Нобелова награда ако ја запре војната во Украина без отстапки на територии