Утрински Весник
Свет

Бројот на жртви во Иран надмина 500, соопшти новинска агенција со седиште во САД

20260111180329 big 730x400 45.webp.webp

Бројот на жртви во протестите во Иран надмина 500 – соопшти денеска новинска агенција со седиште во САД.

Активистите за човекови права денеска соопштија дека 538 лица се убиени во двонеделните демонстрации – 490 демонстранти и 48 припадници на безбедносните сили. Приведени се повеќе од 10.600 лица.

Агенцијата предупреди дека бројот на жртви веројатно ќе продолжи да расте.

Бројките не се независно потврдени.

Бројот на жртви според активистите за човекови права е значително поголем од вчера, кога агенцијата објави најмалку 116 мртви.

Претходно денеска норвешката невладина организација „Човекови права во Иран“ соопшти дека бројот на жртви во двонеделните протести се искачил на 192.

Бројката, која исто така не е независно потврдена, претставува нагло зголемување во однос на претходниот број на жртви на организацијата од 51. Организацијата предупреди дека бројот на жртви може да биде уште поголем бидејќи интернет-врската во Иран е прекината веќе неколку дена, што го отежнува пребројувањето.

Можете да прочитате

Наводи за употреба на експериментално оружје во операцијата против Мадуро

Шведска ќе инвестира 1,6 милијарди долари во системи за воздушна одбрана

Данска потврди дека Марко Рубио ќе се сретне со данскиот шеф на дипломатија за Гренланд