Утрински Весник
Свет

Бројот на загинатите во земјотресите во Венецуела надмина 3.500

20260628092223 big 730x400 27.webp.webp

Бројот на загинатите во двата силни земјотреси што пред две седмици ја потресоа Венецуела се искачи на 3.535 лица, покажуваат синоќа објавените официјални податоци.

Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала ја погодија Венецуела на 24 јуни, по што следуваа низа послаби последователни потреси. Меѓу најтешко погодените е крајбрежната сојузна држава Ла Гуаира, а илјадници лица се уште се водат како исчезнати.


Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања соопшти дека ОН и нивните партнери продолжуваат да ја прошируваат помошта за погоденото население.

Дел од тимовите за пребарување и спасување и натаму работат на терен, додека во Венецуела пристигнуваат дополнителни специјализирани екипи, вклучително медицински и инженерски тимови.

Според Канцеларијата, постепено се обновуваат клучните услуги, меѓу кои снабдувањето со електрична енергија и телекомуникациите.

Воедно, најмалку 79 привремени центри за сместување, организирани во стадиони и спортски сали, се во функција за згрижување на раселените лица и дистрибуција на хуманитарна помош. Во земјотресите околу 17 илјади луѓе останаа без покрив над главата.

Можете да прочитате

Бројот загинати во рускиот напад врз Киев се искачи на 18, кон Москва лансирани 430 украински дронови

На Куба почна обнова во снабдувањето со струја по колапсот на електроенергетската мрежа

Лидерите на НАТО на самит во Анкара во услови кога САД го зголемуваат притисокот за воените трошоци