Утрински Весник
Македонија

Бројни честитки за Силјановска-Давкова за победата

Img 7916.jpeg

Пристигнуваат бројни честитки за историската победа на двојните избори на проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ.

На социјалната мрежа Х досега беа упатени честитки од страна на Амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Дејвид Гир, еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеј, премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан, хрватската пратеничка и голема пријателка на Македонија, Маријана Петир претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, поранешниот премиер на Република Словенија, Јанез Јанша, премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, како и од  Меѓународната алијанса на центар – десничарските ориентирани партии – Меѓународната демократска унија (International Democracy Union) – IDU.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеј упати честитка до професорката Гордана Сиљановска-Давкова во која ја потенцира идната соработка со нејзе како претседателка, а во насока на забрзување на процесот за отворање на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Можете да прочитате

Генералниот секретар на НАТО Руте утре во официјална посета на земјава

Од денеска започнува враќањето на личните предмети од трагичниот пожар во „Пулс“

Mарт – месец за подигнување на свеста за симптомите од ендометриоза