Утрински Весник
Магазин

„Бритс“: Хари Стајлс триумфира со најмногу трофеи

„Бритс“: Хари Стајлс триумфира со најмногу трофеи

Хари Стајлс е големиот победник на британски награди за поп-музика, „Брит авордс, каде се закити  со трофеи во сите четири категории во кои беше номинирaн, една недела по неговиот триумф во Лос Анџелес, каде освои „Греми“ за најдобар албум.

dobivaj vesti na viber

А во Лондон во саботата вечерта Хари доби награда албум на годината за Harry’s House, песна на годината за поп-хитот As It Was, најдобра поп/аренби песна, и уметник на годината, една од двете родово неутрални категории што беа воведени минатата година отако организаторите на „Брит авордс“ се ослободија од машки и женски категории.

Претенденти за таа награда беа сите мажи, што разбесни многумина во забавната индустрија, а и на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Кокаин пронајден кај големи бели ајкули на Бахамите

Научници дојдоа до неверојатни откритија: Човечкото тело како биолошки извор на светлина

Потребни се најмалку шест месеци за значително подобрување на липидниот статус