Утрински Весник
Магазин

Бритни со нова објава на „Инстаграм“ по разводот од Сем

Бритни со нова објава на „Инстаграм“ по разводот од Сем

Бритни Спирс не губеше време да се врати на социјалните мрежи откако беше објавена веста дека таа и Сем Асгари се разведуваат по една година брак.

dobivaj vesti na viber

Неколку часа откако повеќе медиуми објавија дека нејзиниот сопруг поднел барање за развод, Спирс се огласи на Инстаграм за да сподели поинакви новости за својот живот.

Во својата нова објава на „Инстаграм“, Бритни не ја спомнува разделбата, туку пишува за своите планови да купи коњ.

„Наскоро ќе купам коњ. Толку многу опции што е тешко да се одлучам. Еден се вика Софи, а другиот се вика Роар,“ напиша таа во описот, покрај фотографијата на која јава коњ на плажа. „Не можам да се одлучам 🙈 !!!“

Бритни ги праша фановите: „Дали да се придружам на трендот и да ставам розова каубојска капа,“ што навидум алудира на популарниот моден тренд инспириран од кинохитот „Барби“.

Можете да прочитате

Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал 

Вечер е Стара нова година, а утре Обрезание Господово и Василица

Три хороскопски знаци кај кои самодовербата лесно преминува во суета