Утрински Весник
Свет

Британското Министерство за одбрана: Руското повлекување од Лиман е значителен политички неуспех

Британското Министерство за одбрана: Руското повлекување од Лиман е значителен политички неуспех
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Британското Министерство за одбрана го нарече повлекувањето на Русија од украинскиот град Лиман „значителен политички неуспех“.

dobivaj vesti na viber

Во своето секојдневно ажурирање, министерството наведе дека силите најверојатно претрпеле „тешки загуби“ при повлекувањето, додавајќи дека овој потег доведе до натамошен бран на јавни критики на военото раководство на Русија од страна на високи функционери.

Зошто е важен Лиман?

Градот е оперативно важен поради неговата географска локација во регионот Доњецк во источна Украина, за кој Русија изјави дека има намера да го ослободи и кој Владимир Путин го анектираше во петокот.

Кремљ вчера објави дека руските војници се повлекле од градот поради опасност да бидат опколени од украинските сили.

Можете да прочитате

Силен руски напад со суперсонични ракети врз Киев

Зеленски: Русите нè напаѓаат од Белорусија

Поранешниот премиер на Малезија осуден на уште 15 години затвор за скандалот 1MDB