Утрински Весник
Спорт

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе се врати на теренот на 18 мај во Женева

Download 1 3.jpg

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе се врати на теренот на 18 мај во Женева, објавено е денеска на веб-страницата на турнирот во тој швајцарски град.

Организаторите на турнирот од серијата 250 објавија дека на двократниот олимписки и трикратен гренд слем шампион му дале „широка карта“.

Турнирот во Женева ќе се игра од 18 до 25 мај, а меѓу попознатите тенисери ќе учествуваат Норвежанецот Каспер Руд и Американците Бен Шелтон, Тејлор Фриц и Томи Пол.

Мареј (36) така ќе има еден подготвителен турнир пред почетокот на Ролан Гарос, на кој нема настап од 2020 година.

Британецот е на пауза од март поради повреда на зглобот што ја заработи на Мастерсот во Мајами.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл