Утрински Весник
Свет

Британскиот премиер му понуди помош на шпанскиот колега за кризата со мигрантите

Image 2026 08 01 193254574.png

Британскиот премиер Енди Барнам денеска телефонски разговараше со премиерот на Шпанија, Педро Санчез, и му понуди помош откако повеќе од 50.000 мигранти влегоа од Мароко во шпанската ексклава Сеута на мароканска територија, пренесува британски „Гардијан“.

„Гардијан“ додава дека од Барнам денеска бил побаран коментар за кризата додека присуствувал на собир на Лабуристичката партија.

– Во контакт сум со шпанскиот премиер и ја нудиме целата помош што можеме да ја пружиме – им изјави Барнам на новинарите.

Можете да прочитате

Пезешкијан: Иднината на Иран ќе ја обликува неговиот народ

Во Австрија речиси 400 смртни случаи се поврзани со топлотниот бран во јуни

Руските сили извршија напади врз украинските пристаништа во Одеса и Николаев