Утрински Весник
Економија

Британскиот министер за клима: Не бараме од граѓаните да трошат помалку струја

Британскиот министер за клима: Не бараме од граѓаните да трошат помалку струја
Dik 300x250 mk

Британскиот министер за клима, Греам Стјуарт денеска изјави дека владата не бара од луѓето да трошат помалку енергија, еден ден откако Националната енергетска мрежа предупреди дека земјата може да се соочи со планирани тричасовни прекини на струјата на домаќинствата и деловните субјекти оваа зима.

dobivaj vesti na viber

„Ние правиме план за сите евентуални можности и јавноста треба да биде уверена дека имаме многу силно и разновидно снабдување и дека ги презедовме сите чекори за да се грижиме за нашите потреби за оваа зима“ – рече тој за Скај њуз, пренесе Ројтерс.

На прашањето дали луѓето треба да трошат помалку енергија, Стјуарт одговори:

„Тоа не е пораката што ја испраќаме“.

Можете да прочитате

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност