Утрински Весник
Свет

Британка ги изгладнувала децата, ги туширала со врела вода и ги хранела со сапун, осудена на 15 години затвор

Британка ги изгладнувала децата, ги туширала со врела вода и ги хранела со сапун, осудена на 15 години затвор

Шерил Пиклс (35) која малтретирала деца со својот партнер Ендру Хадвин, денеска е осудена на 15 години затвор. Хадвин бил пронајден мртов во затворска ќелија додека ја чекал пресудата во февруари. Неговата смрт се уште е под истрага.

dobivaj vesti na viber

Децата на Пиклс и Хадвин биле толку гладни што пешачеле повеќе од 6 километри за да пребаруваат низ корпите од супермаркетите во 4 часот наутро.  Полицијата започнала истрага во 2018 година по пријава за можна злоупотреба. Истрагата траела четири години, во текот на која детективите испрашале повеќе од 150 сведоци.

Откриле дека Хадвин и Пиклс ги принудувале децата да јадат сапун и да се тушираат со врела вода, ги затворале во плакари, ги тепале и изгладнувале. Знаеле и да ги потопат во вода додека не се поплават.

Знаеле да нарачаат храна и потоа  ги терале да ги гледаат родителите како јадат. Тие беа прогласени за виновни за повеќекратни прекршоци за занемарување на деца во Судот на Кралството Дурам. Хадвин бил обвинет и за три точки за силување на малолетничка.

Можете да прочитате

Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари

Европа „под вршник“ – во Португалија измерени 46,6 степени