Утрински Весник
Балкан

Британија нема да и врати на Грција делови од Партенон

20241203075633 Big 730x400 43 1.webp.webp

Британската влада пред посетата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Лондон најави дека нема да го промени ставот за сопственоста на скулптури од Партенон. Скулптури од Акропол биле земени од Атина од лордот Елгин во 19 век и оттогаш се наоѓаат во Британскиот музеј и покрај силната кампања за нивно враќање во Грција, објави Политико.

Мицотакис пристигнува во Лондон и според британски медиуми, членовите на неговата влада одржале серија „приватни состаноци“ со високи претставници на Британскиот музеј за да разговараат за потенцијалниот договор за заем за античкото уметничко богатство. Секоја промена во статусот на скулптурите на Партенон, која минатата година доведе до жесток спор меѓу Грција и тогашната конзервативна влада во Лондон, ќе треба да биде одобрена од британската влада, бидејќи Законот за британскиот музеј од 1963 година спречува нешто да се отстрани од неговата колекција.

За време на спорот на Грција со ториевците минатата година, Кир Стармер, кој сега е премиер и во тоа време беше лидер на опозицијата, одлучи да се сретне со Мицотакис откако тогашниот премиер Риши Сунак ја откажа средбата со него поради жестокиот спор околу сопственоста. на скулптурите.

Портпаролот на владата во Лондон, синоќа рече дека „нема планови за промена на постојната политика на владата за реституција“.

Во пресрет на посетата на Мицотакис, од кабинетот на Стармер соопштија дека тоа прашање нема да биде на дневен ред на денешната средба. Наместо тоа, Стармер ќе инсистира на теми како што се континуирана поддршка за Украина и прекин на огнот во Газа. 

Можете да прочитате

САД загрижени за предлог законот за странски агенти во Србија

Родителите на бебињата закопани во близина на Вараждин биле членови на секта

Анкета на КОМС во Србија: Младите најмногу му веруваат на патријархот на СПЦ