Утрински Весник
Свет

Британија ќе депортира 50 албански затвореници

Британија ќе депортира 50 албански затвореници

Велика Британија ќе депортира 50 албански затвореници во Албанија на отслужување на остатокот од казната, пренесува „Телеграф“.

dobivaj vesti na viber

Како што пишува „Дејли мејл“, со тоа Велика Британија ќе се ослободи од некои исклучително опасни криминалци, а даночните обврзници ќе ги заштедат трошоците за нивното затворање.

Во британските затвори има повеќе од 1.300 албански криминалци“, пишува „Дејли мејл“.

Иако испраќањето 50 затвореници е почеток, сепак има многу албански затвореници кои казната ја отслужуваат во Англија.

Претходно овој месец, британскиот премиер Риши Сунак објави заеднички договор за забрзување на враќањето на албанските државјани кои поднесуваат неосновани барања за азил во ОК, како дел од пошироката стратегија за спречување на миграцијата меѓу каналите, пренесува медиумот.

Можете да прочитате

Залихите на системот ,,Патриот” паднале за 65% Пентагон бара зголемување на производството

Нов украински напад, Крим остана без струја

Тајфун ја погоди Кина, откажани илјадници летови, евакуирани над еден милион луѓе