Утрински Весник
Свет

Брисел ги повика американските професори и научници да дојдат во ЕУ, им нуди поддршка од стотици милиони евра

20250524095333 big 730x400 19.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Европската Унија одлучи да обезбеди стотици милиони евра за зајакнување на универзитетската слобода и привлекување професори и научници од целиот свет, особено од САД, каде што започна „одливот на мозоци“ поради потиснувањето на слободата на образованието и науката од страна на владата во Вашингтон, објавија францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на кoнференција во Париз со претставници на европските универзитети, министри за образование и евромесари.

Пораката од конференцијата под мотото „Изберете ја Европа за наука“, е дека „Европа е решена да ги стави образованието и науката во срцето на својата економија, да стане дом за научна слобода и соработка и да ги пречека талентите од целиот свет“.


Макрон објави дека владата во Париз издвоила 200 милиони евра за поволни услови за престој и работа на странски научници, истражувачи и професори.

Шефицата на Европската комисија, пак, истакна дека ЕУ обезбедила 500 милиони евра за периодот 2025-2027 година за „поддршка на најдобрите и најпаметните истражувачи и научници од Европа и од целиот свет“.

Во обраќањето до американските научници и професори кои решиле да дојдат во ЕУ, Урсула фон дер Лајен порача дека Унијата е решена да стане центар на привлекување на мозоци од целиот свет.

– На среден и долг рок, заедно со своите земји-членки, ЕУ сака да ја достигне целта од три проценти од бруто домашниот производ за инвестиции во истражување и развој до 2030 година, рече Фон де Лајен.

Европската инвестициска банка (ЕИБ) планира силна финансиска инјекција во европскиот технолошки сектор и ќе издвои 70 милијарди евра за технолошки компании и научници, пишува германскиот весник „Ханделсблат“.

Целта е да се намали заостанувањето на Европа зад САД во овој сектор, а до 2027 година 70 милијарди ќе бидат ставени на располагање на ветувачки стартапи. Целта на ЕИБ е да мобилизира дополнителни инвестиции од приватниот и јавниот сектор.

Благодарение на ова, износот на ваквите инвестиции би можел да се зголеми на 250 милијарди евра.

Можете да прочитате

Бурата Јоханес ја погоди Шведска

Силен земјотрес го стресе Тајван

Снежна бура парализира воздушен сообраќај во североисточниот дел на САД