Утрински Весник
Спорт

Брегалница се засили со Грузиецот Робакидзе

Брегалница се засили со Грузиецот Робакидзе

Грузиецот Лука Робакидзе е најновото засилување за Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, објави македонскиот прволигаш.

dobivaj vesti na viber

23-годишниот Робакидзе, кој игра во офанзивниот среден ред, доаѓа од редовите на грузискиот тим Шукура, а претходно има настапувано и за Самтредиа во домашниот шампионат, како и за екипата на Таборско во Чешка.

Грузискиот фудбалер изминативе денови веќе се приклучи на екипата пред денешното официјализирање на потписот со „сините“.

Претходно, Брегалница се засили и со дефанзивецот Самал Дикенс од Панама, фудбалерот од средниот ред Филип Стојчевски од Силекс, репрезентативците на Јамајка, Колин Андерсон и Роналдо Вебстер, офанзивецот Фабрицио Венегас од Костарика, голманите Мартин Давков и Кире Новаков, како и десниот бек Ване Јованов, кои се повратници меѓу „сините“.

 

Можете да прочитате

Македонец нов европски шампион во мотоциклизам

Спортот станува клучен дел од новата стратегија за дијаспората 2026–2030

Жељко Обрадовиќ си заминува од клупата на Партизан