Утрински Весник
Магазин

Бред Пит ќе се трка во текот на британскиот ГП-викенд

Бред Пит ќе се трка во текот на британскиот ГП-викенд

Холивудскиот актер Бред Пит, кој доби улога на возач на Формула 1 во филм, ќе може да се види во Силверстоун следниот викенд во рамките на трката за Големата награда (Гран при) во Формула 1 на Велика Британија.

dobivaj vesti na viber

Пит треба да биде снимен како се вози во адаптиран болид Формула 2 помеѓу тренинзите в петок (7 јули).

Британскиот шампион Луис Хамилтон помага во продукцијата на филмот во кој глуми Пит.

59-годишниот оскаровец портретира возач ветеран, кој се враќа на патеката по 30 години отсуство.

Заплетот е интересен, но и малку опасен со оглед на возраста на Пит. Сепак, Хамилтон го пофали актерот: „Бред изгледа како да старее наназад. Изгледа одлично за својата возраст“.

„Не можам да ви кажам колку сум возбуден што го имаме Бред Пит во Формула 1. Тоа е неверојатно“, рече Хамилтон.

Додека Пит ќе биде сам на патеката во Силверстоун во модифициран болид подготвен од Хамилтоновиот тим на „Мерцедес“, помошта од компјутерски генерирани слики ќе направи да изгледа како да се трка на почетокот на оваа сезона.

Филмската екипа ќе присуствува на патеката пред неделната трка за Големата награда на Британија.

Хамилтон беше вклучен во подготовките за филмот, вклучително и обидот да го направи што е можно поавтентичен.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста