Утрински Весник
Свет

Бразилскиот претседател не е добредојден во Израел додека не ја повлече изјавата за војната во Газа

Luis Inasio Lula Da Silva.jpg

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац изјави денеска дека бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва не е добредојден во Израел додека не ја повлече изјавата во која израелската воена операција против палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа ја споредува со нацистички геноцид.

„Нема да заборавиме, ниту да простиме. Тоа е сериозен антисемитски напад. Во мое име и во име на граѓаните на Израел, кажете му на претседателот Лула дека е персона нон грата во Израел додека не ја повлече својата изјава – му рекол Кац на бразилскиот амбасадор, се наведува во соопштението на шефот на израелската дипломатија.

Израел го обвини Лула за банализирање на холокаустот и навреда на Евреите, а Кац го повика бразилскиот амбасадор и поднесе протест кај него.

Лула на самитот на Африканската унија рече дека „она што се случува во Појасот Газа со палестинскиот народ не се случило во ниту еден друг момент во историјата“, но потоа додаде: „Всушност, тоа се случи: кога Хитлер одлучи да ги убие Евреите“.

Можете да прочитате

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари