Утрински Весник
Свет

Бразилски врховен судија му даде ултиматум на Маск – да каже кој го застапува во Бразил или ќе ја исклучи платформата Х

1708002705 Whatsapp Image 2023 01 22 At 23.22.13.jpeg

Судијата на бразилскиот Врховен суд, Александар де Мораеш, се закани дека ќе ја забрани платформата X доколку нејзиниот сопственик, милијардерот Илон Маск, не го именува правниот застапник на компанијата во Бразил во рок од 24 часа. 

Американските медиуми наведуваат дека ова е само уште едно поглавје во битката меѓу Мораеш и Маск која трае со месеци. На почетокот на овој месец, Платформата Х соопшти дека „веднаш“ го повлекува целиот преостанат персонал во Бразил, наведувајќи дека Мораеш му се заканил на правниот претставник на компанијата во земјата со апсење, соопштија американските медиуми.

Врховниот суд денеска ја информираше платформата X за наредбата на Мораеш. 

„Во случај на непочитување на одлуката, може да дојде до прекин на активностите на социјалната мрежа во Бразил“, се наведува во соопштението на судот. 

Судијата на Врховниот суд во април ја почна истрагата против Илон Маск, откако американскиот милијардер рече дека повторно ќе ги активира налозите на платформата X, за кои судот претходно издаде наредба за блокирање, поради наводни врски со екстремната десница и ширење дезинформации на платформата. 

Можете да прочитате

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа

По 20 години, уапсен е еден од најбараните бегалци по кои ФБИ имаше издадено потерница