Утрински Весник
Свет

Бразилската влада нема да ги користи сопствените авиони за депортација на бразилски мигранти од САД

Brazil.webp.webp

Бразилската влада нема да ги користи авионите на своите воздухопловни сили за да помогне во депортирањето на бразилските мигранти од САД, изјави денеска бразилскиот министер за надворешни работи Мауро Виеира.

Бразилски авион ги превезувал мигрантите на вториот дел од патувањето, откако тие пријавиле нехумано постапување врз нив од американски агенти, а Бразил потоа отвори истрага. На летот од Луизијана до Амазонас имало 88 бразилски државјани, кои пријавиле дека климата во авионот што ја изнајмила американската влада била расипана и дека биле тепани од американски агенти, пренесува Глобо.


Според нив, агентите не им дале храна и во текот на 50-те часа од патувањето рацете им биле врзани со лисици, a разни делови од телото им биле во синџири. „Не тепаа додека ни ставија лисици. Ни ставија лисици и не тепаа затоа што ни беше жешко и не сакавме да останеме во авионот“, изјави 21-годишниот Витор Густаво да Силва.

„Неселективната употреба на лисици и синџири ги прекршува условите од договорот со Соединетите Американски Држави, кој предвидува достоинствен, почитуван и хуман третман на повратниците“, соопшти бразилското Министерство за надворешни работи.

Можете да прочитате

Најмалку 30 тела извлечени од реката Потомак по судирот на авион и хеликоптер кај Вашингтон

Маж избоден со нож во вратот во Франција: случајно се удрил во напаѓачот додека поминувал

Во Турција измерени минус 34 степени Целзиусови