Утрински Весник
Спорт

Бразилецот Леонардо Дутра Фереира го засилува Вардар

Бразилецот Леонардо Дутра Фереира го засилува Вардар

Бразилскиот репрезентативец Леонардо Дутра Фереира (26) најмалку до крајот на сезонава ќе биде член на Вардар, откако македонскиот шампион потпиша договор со бекот да игра во „црвено-црниот“ дрес. Тој е првото засилување за пролетниот дел и доаѓа од екипата на Ла Риоха од Шпанија.

dobivaj vesti na viber

Договорот со Дутра е со важност до крајот на сезонава, и можност за продолжување за најмалку уште една. Дутра игра на позицијата лев и среден бек и треба да биде засилување за нападот на Вардар. Тој е одличен индивидуалец кој е особено силен во играта „еден на еден“ и зад себе има и интернационална кариера во Висла Плоцк во Полска, и уште три сезони во Куенка од Шпанија.

Дутра е на списокот на селекторот на Бразил за СП во Полска и Шведска, и во Скопје треба да се приклучи по завршување на Мундијалот.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина