Утрински Весник
Скопје

Братот и вујко на загинатите мајка и ќерка во скопски Карпош се огласи – тие беа жртви на семејно насилство

Policija.webp.webp

Братот и вујко на загинатите мајка и ќерка попладнево во скопски Карпош се огласи на социјалните мрежи со зборовите – ова е убиство на моите најблиски. Ги обвини институциите на системот,

„Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем … После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.


Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!

Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!

Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам

Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем!“ , стои во објавата на Стојановски на Фејсбук.

Можете да прочитате

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Општина Илинден објавува јавен повик за субвенционирање на велосипеди

Поради дефекти без вода делови од Скопје