Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

„Бранкојавление“ во Охрид – ЗНАМ како се продава сопствениот код

Fb img 1760515882976.jpg
300x250 opst2

Од самиот почеток на создавањето на Движењето За наша Македонија членови на СДСМ од каде произлезе овој субјект, но и познавачи на внатрепартиските прилики во СДСМ, тврдеа дека зад целата оваа операција стои лично екс лидерот на партијата Бранко Црвенковски.

платено политичко рекламирање

Иако никој од ЗНАМ јавно не го призна тоа, се чини дека официјална потврда стигна вчера, година и половина од формирањето на ЗНАМ и тоа преку две фотографии објавени на социјалните мрежи.


На првата фотографија Црвенковски е фотографиран како на иста маса седи со актуелниот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, Саше Доневски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, како и Јован Мирчевски – сопственикот на „Пупе Компани“, додека на втората, тој е во друштво на Марина Горговска, носителка на советничката листа на ЗНАМ во Охрид.

Овие фотографии можат да се толкуваат на различни начини, првиот е дека Црвенковски потврдува дека стои зад ЗНАМ, вториот дека ЗНАМ е продукт на меѓусебните пазарење на Црвенковски и ВМРО-ДПМНЕ за „осакатување“ на СДСМ.

Но покрај ваквите толкувања, фотографиите од „бранкојавление“ во Охрид можат да се толкуваат и како давање на вештачко дишење и реанимација на ЗНАМ, партија која за година и половина експресно ги троши кредитите спечалени на минатите избори.

Испитувањата на јавното мислење укажуваат дека довербата кон ЗНАМ е сериозно нарушена и тоа од самото членство на партијата затоа што овој субјект наместо да биде автентичен коректор на власта, денес е тивок послушник на политиките на големиот брат во Владата, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму, не може да се исклучи можноста дека со излегувањето „од плакар“ на Црвеновски и признанието дека токму тој стои зад ЗНАМ, се прави обид за некаква мобилизација на разочараното членство.

Фактот што 12 часа по објавата на фотографиите нема никаква реакција ниту од Црвенковски, ниту од ЗНАМ, оди во прилог на тврдењето погоре.

Можете да прочитате

Филипче: За една година власта направи долг од 1,86 милијарди евра, рекорд во регионот

Отворена нова канцеларија за управни работи на МВР во Општина Шуто Оризари

Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината