Утрински Весник
Спорт

Брајтон го одби Челси за трансферот на Каиседо

Брајтон го одби Челси за трансферот на Каиседо

Брајтон одби сериозна понуда вредна 62 милиони фунти од Челси за Моисес Каиседо. „Галебите“ и понатаму се децидни дека сакаат да го задржат играчот барем до лето.

dobivaj vesti na viber

Тимот на крајот на минатата година одби голема понуда од Ливерпул поради истата причина. Каиседо е еден од најдобрите играчи во тимот на Роберто де Зерби, кој има реални шанси за пласман во Европа.

Еквадорецот има договор до летото 2025 година.

Брајтон е многу блиску до разделба со уште еден клучен играч, Леандро Тросар. Тој е на прагот на трансфер во Арсенал.

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026