Утрински Весник
Спорт

Браќата Леклер ќе влезат во историјата на Формула 1

1733383974 Gettyimages 1485691718.jpg

Браќата Шарл и Артур Леклер ќе напишат историја на Формула 1 во петок кога ќе учествуваат на првиот слободен тренинг со болидите на Ферари пред Големата награда на Абу Даби закажана за недела, 8 декември на патеката „Јас Марина“.

Тоа ќе биде прв пат од постоењето на Формула 1, браќата како клупски колеги официјално да учествуваат во Ф1 викенд.

Шарл е еден од најдобрите возачи на денешницата, додека неговиот помлад брат е развојен возач на Скудерија. Артур ќе го замени Карлос Саинц на првиот слободен тренинг в петок.

Прописите на ФИА налагаат дека секој Ф1 возач мора да го отстапи местото на дебитант со помалку од два старта во гран-при трките. Британецот Оливер Берман, резервниот возач, е нема право бидејќи веќе се тркаше оваа сезона со Ферари и Хас. Берман го возеше болидот на Шарл Леклер на тренинзите во Мексико, а потоа седна во болидот на Хас, на местото на болниот Кевин Магнусен во Хас на трката за Големата награда на Бразил.

Во средата, Ферари твитна слика на која се прикажани браќата заедно во исти комбинезони со натпис „креатори на историјата“.

Минатата година Артур возеше во Формула 2 и ја заврши сезоната на 15. место. Тој ја помина оваа година како развојен возач на Ферари.

Шарл и Артур ќе бидат првите браќа кои возат за истиот тим. И порано имало случаи на браќа кои возеле во Ф1. Сигурно најпознати Германци се Михаел и Ралф Шумахер, но не во ист тим.

Мексиканците Педро и Рикардо Родригез возеле за Ферари, но не во исто време.

Можете да прочитате

Мурињо му одговори на Пеп: Само сакам правда

НБА куп: Оклахома го елиминира Далас, Милвоки го победија Орландо

Реал и и ПСЖ мораа да победат и го направија тоа, Баер во 90.минута го победи Интер, Брест е сензацијата во ЛШ