Утрински Весник
Економија

Божиновска: Законот за енергетика ќе значи бенефит за граѓаните и сигурност за инвеститорите

Sanja bozinovska large 1920.jpg

Го донесовме Законот за енергетика. Тој е нов закон усогласен со европските стандарди. Тоа ќе значи многу бенефит и за граѓаните, исто така, тоа ќе значи сигурност за инвеститорите. Ќе имаат многу подобности. Прв пат се воведува енергетска сиромаштија, ќе има граѓански заедници, за првпат се воведуваат батериите односно системи за складирање на електрична енергија, воведуваме и е-мобилност, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во вечерашното интервју за Македонската радио телевизија (МРТ) каде зборуваше за актуелните состојби во енергетиката.

Во законот, како што посочи министерката, за прв пат се воведува енергетската сиромаштија со што се воведуваат мерки за помош на ранливите категории на граѓани.


Божиновска во интервјуто потенцира дека наследиле катастрофална состојба во енергетскиот систем, појаснувајќи дека се работи за „седум години негрижа за енергетските капацитети“ поради што, како што рече изминатата година работеле на консолидација на енергетскиот систем.

-Менаџментот се потруди многу за да ги направи ремонтите за да имаме стабилно снабдување со електрична енергија. Сега приоритетите ни се да го зголемиме производството и секако да го намалиме увозот, а понатаму бидејќи сме земја на сонцето имаме многу сончеви денови сакаме да станеме извозник и на електрична енергија, изјави Божиновска.

Собранието во текот на минатиот месец го усвои Законот за енергетика кој Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го подготвуваше подолг временски период низ инклузивен и транспарентен процес заедно со сите засегнати страни.

Можете да прочитате

Славески: Да обезбедиме ниска и стабилна инфлација за поддршка на економијата

Министерството за економија и труд почнува информативни денови за мерките за вработување – прв настан денес во Прилеп

Величковски: Финтек-решенијата носат промени во дигиталните плаќања и отвораат нови можности за трговците и граѓаните