Како круна на тридневното тржество на Христовото раѓање со особена радост ја најавуваме последната активност на бадниковите поворки за оваа година – Големиот божиќен концерт на традиционални празнични песни, што вечерва во 20 часот ќе се одржи во Големата сала на Македонската филхармонија, информираат од Здружението за возобновување на православните традиции.
„Многубројни пејачи од нашата сцена, врвни музичари, ревијален оркестар од автентични инструменти, хорот ‘Козма Пречистански’ и пејачи од насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ ќе бидат дел од свечената божиќна атмосфера во Филхармонијата“, соопшти организаторот.