Утрински Весник
Спорт

Бостон го победи Далас и во вториот натпревар од финалето на НБА

20240610080644 Big 730x400 83.webp.webp

Бостон Селтикс се се поблиску до својата прва титула по 2008 година. Тимот го доби и вториот натпревар од финалето на НБА против Далас Маверикс, овојпат со 105:98. Домаќините во најголем дел го контролираа натпреварот, а нивното опуштање на крајот не се покажа фатално.

Џру Холидеј го предводеше Бостон со 26 поени и 11 скока. Џејлен Браун додаде 21 поен и 7 асистенции, а Џејсон Тејтум постигна 18 поени и 12 асистенции. Дерик Вајт исто така заврши со 18 поени, а Кристапс Порзингис имаше 12 за деветтата последователна победа на Селтикс во плејофот.

Лука Дончиќ даде се од себе и забележа трипл-дабл со 32 поени, 11 скока и 11 асистенции, но не доби доволно поддршка од соиграчите. Пи Џеј Вашингтон постигна 17 поени, а Кајри Ирвинг го заврши натпреварот со 16. Далас заостануваше минимално на паузата (51:54) и водеше кратко на почетокот на третата четвртина, а потоа не можеше да ги спречи ѕвездите на Бостон.

Дончиќ и Ирвинг направија комбинирани 10 фаули, а Далас промаши 8 удари од „пенал“ линија. Бостон погоди само 10 од 39 обиди од далечина, но зграпчи 10 офанзивни скока и тоа допринесе за успехот.

Третиот натпревар од финалната серија се игра в четврток во Далас.

Можете да прочитате

Навивач скокна од трибините кон Роналдо, нов безбедносен пропуст во Германија

За прв пат во кариерата Роналдо не постигна гол во групната фаза на некој голем турнир

Формирани двојките за осминафиналето на Евро 2024