Утрински Весник
Свет

Борел: Западот ќе ги уништи руските сили ако Москва употреби нуклеарно оружје

Борел: Западот ќе ги уништи руските сили ако Москва употреби нуклеарно оружје
Dik 300x250 mk

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел денеска ја предупреди Москва дека руските сили ќе бидат „уништени“ со воен одговор од Западот доколку претседателот Владимир Путин нареди употреба на нуклеарно оружје против Украина.

dobivaj vesti na viber

„Секој нуклеарен напад против Украина ќе предизвика одговор. Не нуклеарен одговор, туку воен одговор толку насилен што руската армија ќе биде уништена“, рече шефот на дипломатијата на ЕУ.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера изјави дека Русија ќе се соочи со „тешки последици“ доколку ја нападне Украина со нуклеарно оружје. Сепак, НАТО не се закани дека ќе го користи сопствениот нуклеарен арсенал како одговор на потенцијалниот нуклеарен напад врз Украина, која не е членка на НАТО.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп