Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, денеска треба да предложи начин за поддршка на Украина во снабдувањето со оружје и муниција.
„ Денес имаме важни одлуки на маса што треба да се донесат, денес не формално, туку политички. Ќе дадеме насоки за следниот (заеднички) состанок со министрите за надворешни работи. Прашањето е како подобро, побрзо и посилно да ја поддржиме Украина“, изјави Борел.
Тој подвлече дека војната се уште беснее и дека на Украина и треба повеќе муниција, па министрите ќе разговараат како да ја обезбедат.
Предлогот на Борел е подготвен заедно со Европската служба за надворешни работи, Европската агенција за одбрана и Европската комисија.
„ Прво, брзо да се обезбеди муниција од постојните залихи. Зборуваме неколку недели, така што треба да го искористиме она што веќе го имаме. за повеќе „заедништво“: заеднички набавки на сите армии, да работиме заедно за да обезбедиме дел од оваа заедничка набавка на Украина, на среден рок“, вели тој.
Министрите ќе разговараат и за долгорочна поддршка за Украина и како да се зголеми одбранбениот капацитет на индустријата на ЕУ.
„Не можеме сериозно да зборуваме за нашиот капацитет за автономна стратешка одговорност ако немаме доволно одбранбен капацитет во нашата индустрија. И работиме на тоа заедно со Комисијата и ќе видиме како можеме да го зголемиме овој капацитет“, најави Борељ.
На новинарско прашање да одговори на тврдењата дека нападот на Северен тек 2 го извршила проукраинска група, Борељ вели дека не може да коментира работи за кои нема „јасни докази и информации“.