Утрински Весник
Свет

Борел: Украина ќе мора да заземе силна позиција во мировните преговори

Борел: Западот ќе ги уништи руските сили ако Москва употреби нуклеарно оружје

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека западните власти треба да почнат да подготвуваат решение за конфликтот во Украина.

dobivaj vesti na viber

Сепак, нагласи тој, Киев треба да учествува во сите можни преговори од позиција на моќ.

„Знам дека треба да почнеме да се подготвуваме за мир, но тоа ќе зависи од рамнотежата на силите на бојното поле. Украина ќе мора да заземе силна позиција кога станува збор за мировните преговори. Да не се залажуваме“, рече Борел во интервју за францускиот весник „Монд“.

Тој посочи дека утре нема да дојде повоениот период.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков претходно изјави дека Русија е подготвена да ги слушне сите идеи за решавање на ситуацијата во Украина кои ги земаат предвид интересите и грижите на Москва, пренесува ТАСС.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот