Утрински Весник
Свет

Борел: Поддржувам утврдување одговорност за руските воени злосторства во Украина

Борел: Поддржувам утврдување одговорност за руските воени злосторства во Украина

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Џозеф Борел, рече дека го поддржува утврдувањето одговорност за руските воени злосторства во Украина.

dobivaj vesti na viber

„Силно го поддржувам преземањето на сите мерки во однос на одговорноста за злосторствата, а треба да видиме и кој е најдобриот начин да го направиме тоа“, одговори Борел на новинарско прашање дали го поддржува формирањето на специјален суд кој ќе се занимава со руските воени злосторства во Украина.

Киев утрово беше изложен на силни напади со беспилотни летала, а Борел рече дека треба да се утврди за чии беспилотни летала станува збор, додавајќи дека Иран негира оти се нивни.

Данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод изјави дека станува збор за ирански беспилотни летала и оти ЕУ треба да одговори на тоа со „конкретни мерки“.

Можете да прочитате

Градоначалникот на Нагасаки предупредува на нова нуклеарна војна

Глад и болести се шират во Судан, 25 милиони луѓе загрозени поради недостиг од храна

Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа